Пијан возач дивеел во Маџари: Удрил во бандера, ограда и два паркирани автомобили
20/01/2026 12:17
Жителите на скопската населба Маџари биле разбудени од силен удар по полноќ, откако пијан возач предизвикал сообраќајна незгода на улицата „Благоја Стефковски“, информираат од Министерство за внатрешни работи.
Според официјалната информација, на 19.01.2026 година во 00:30 часот во СВР Скопје било пријавено дека патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Ј.(45) од Скопје, излетало од коловозот и удрило во дрвена бандера, метална конструкција од дворно место, како и во два паркирани автомобили, „цитроен“ и „доџ“. По извршениот увид и преземените мерки, полициските службеници констатирале дека возачот управувал под дејство на алкохол, при што му биле измерени 1,47 промили алкохол во крвта.
Во незгодата, за среќа, нема пријавени повредени лица, но причинета е значителна материјална штета. Против возачот ќе следува соодветна пријава согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.
Од МВР повторно апелираат до возачите да не управуваат возила под дејство на алкохол, бидејќи ваквото однесување сериозно ја загрозува безбедноста на сите учесници во сообраќајот.




![Три сообраќајки со тешко повредени лица во еден ден – повредени млади возачи во Гостивар, Охрид и Кратово policija-mk-777x437-225346[1]](https://mkinformer.com/wp-content/uploads/2021/05/policija-mk-777x437-2253461.jpg)