MKinformer

your daily dose of news

Апсење на автопат Куманово–Скопје

23/01/2026 23:55

Полициски службеници од Мобилната единица за компензаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции во Бирото за јавна безбедност, рано утрово лишија од слобода две лица поради недозволен промет на материја што подлежи на посебен режим на дозволи.

На 22 јануари 2026 година, околу 03:10 часот, на паркинг простор на бензинска пумпа на автопатот Куманово – Скопје, биле приведени Б.К. (40) од Република Турција и А.Д. (56) од селото Слупчане, општина Липково.

Според информациите од МВР, Б.К. патувал со автобус од Турција кон Косово, при што на наведената локација извадил еден пакет и му го предал на А.Д., кој се наоѓал со патничко возило „цитроен Ц5“ со кумановски регистарски ознаки.

Набргу откако А.Д. го сместил пакетот во возилото, полициските службеници извршиле контрола, при што во пакетот бил пронајден јод, без соодветна документација.

Од МВР појаснуваат дека јодот претставува материја за која внесувањето, чувањето и продавањето е дозволено исклучиво со посебни лиценци издадени од Министерството за здравство.

Двете лица се задржани во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

error: Содржината е заштитена од копирање !!