Шлепер излета од патот кај Струмица: сообраќајот целосно во прекин
27/01/2026 8:34
Товарно возило „ЦИСТЕРНА“, излета од коловозот на регионалниот пат меѓу селата Владевци и Радичево, во Струмица, по што сообраќајот е целосно во прекин.
На местото на несреќата интервенираат надлежните служби, а во тек е расчистување на коловозот и отстранување на товарното возило. Засега нема официјални информации за повредени лица, а повеќе детали се очекуваат по завршување на увидот.
Надлежните апелираат до возачите на зголемена внимателност, строго почитување на насоките од службите на терен и прилагодување на брзината на условите на патот.
Сообраќајот ќе биде повторно воспоставен по целосно расчистување и обезбедување на безбедноста на патниот правец.






