Уапсен менаџер на продавница на Бит Пазар за затајување и кражба на речиси 2,8 милиони денари
07/02/2026 23:32
Полициски службеници од СВР Скопје на 6 февруари 2026 година во 17:20 часот го лишиле од слобода А.В. (35) од Скопје, по претходна пријава за сторени кривични дела затајување и кражба.
Како што информираат од Министерство за внатрешни работи, пријавата била поднесена на 4 февруари 2026 година и се однесувала на периодот од 18 декември 2025 до 4 февруари 2026 година. Според пријавеното, осомничениот, додека бил вработен како менаџер во продажно место на подрачјето на Бит Пазар, во повеќе наврати неовластено одземал пари од касата.
Со ваквото постапување, како што се наведува, на правниот субјект му била нанесена материјална штета во вкупен износ од 2.783.867 денари.
По целосно документирање на случајот, против А.В. ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави по член 239 „затајување“ и член 235 „кражба“ од Кривичниот законик.
Од МВР најавуваат дека истрагата продолжува, со цел целосно расчистување на случајот и утврдување на сите околности поврзани со сторените кривични дела.






![Во Дебар се предлага организирање на вoopyжени гpaѓански стpaжи policija-mvr[1]](https://mkinformer.com/wp-content/uploads/2021/05/policija-mvr1.png)