MKinformer

your daily dose of news

Подготвени за лето со пожари: „Ер тракторите“ на ДЗС ги извршија првите тренажни летови

23/01/2026 15:35

Првите тренажни летови со противпожарните авиони „Ер трактор“ успешно се реализирани, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.

Пилотите на ДЗС во текот на денот спроведоа тестирања на маневри и оперативни процедури за брзо реагирање во случај на пожари на отворен простор. Со овие летови беше проверена целокупната подготвеност на екипажите, како и техничката исправност и ефикасност на трите противпожарни авиони.

„Со тренажните летови се потврди дека и пилотите и авионите се целосно подготвени за интервенција во претстојната сезона на пожари“, посоча Ангелов.

Од Дирекцијата за заштита и спасување истакнуваат дека ваквите активности се дел од редовните подготовки со цел навремена и ефикасна реакција при појава на шумски и полски пожари, кои во летниот период претставуваат сериозна закана за луѓето, имотот и природата.

error: Содржината е заштитена од копирање !!