Расте бројот на жртви во Триполи: 13 загинати по уривање на 2 згради
09/02/2026 13:02
Бројот на жртви од уривањето на станбена зграда во Триполи, на северот од Либан, се искачи на 13 лица, соопштија денеска либанските медиуми, додека спасувачките екипи продолжуваат со пребарување по евентуално заробени лица под урнатините.
Претходно беше објавено дека во несреќата загинале најмалку девет лица, меѓу кои жена и дете, кога зградата се урна во неделата. Во меѓувреме, спасувачите успеале да извлечат девет преживеани од урнатините во населбата Баб ал-Табане.
Надлежните служби информираа дека се урнале две соседни станбени згради, а шефот на Либанска агенција за цивилна одбрана изјави дека во нив живееле вкупно 22 лица.
Триполи, вториот по големина град во Либан, во последните недели се соочува со сериозен проблем со стар и небезбеден станбен фонд, при што неколку стари згради се урнаа, што дополнително ја зголемува загриженоста за безбедноста на жителите.
Трагедија во Триполи: Најмалку 9 загинати по уривање на станбена зграда






