MKinformer

your daily dose of news

Свети Трифун и Зимски Духовден, обичаи и верувања

14/02/2026 13:34

Православните верници денес го одбележуваат празникот Свети Трифун, светецот што во народната традиција се смета за заштитник на лозјата, посевите и искрената христијанска љубов.

Како покровител на лозарите и винарите, Свети Трифун е особено почитуван. Најраспространетиот обичај е симболичното кастрење на барем една лоза, која потоа се полева со вино, со желба за плодна и успешна година. Поради тоа, меѓу народот е познат и како „Орезач“ или „Зарезој“.

Во Србија, празникот добива и дополнителни значења. Во Шумадија, Трифундeн се смета за заветен ден за заштита на селата од природни непогоди, додека во Неготинскиот крај постоел обичај бремените жени симболично да ја кастрат лозата, верувајќи дека тоа ќе донесе подобар род.

Традицијата вели дека времето на Трифун ја најавува годината: сончев ден значи сушна година, а дожд или мраз, добра жетва.

Покрај Свети Трифун, на 14 февруари се одбележува и Зимскиот или Голем Духовден, првиот Ден на сите души во годината. Според народните верувања, на овој ден Свети Петар ги отвора гробовите, па душите на починатите ги посетуваат своите домови.

Затоа, се избегнува тешка физичка работа, а во куќата не се пали оган пред враќањето од гробишта, знак на почит кон оние што веќе не се меѓу живите.

error: Содржината е заштитена од копирање !!