MKinformer

your daily dose of news

60 годишна тетовчанка осомничени за помагање во проституција

16/02/2026 11:05

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Г.Ш. (40) од скопското село Бојане поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „посредување во вршење на проституција“, како и против Г.Н. (60) од Тетово за кривично дело „помагање“.

Според информациите од полицијата, првопријавената во текот на 2024 и 2025 година, на подрачјето на Тетово, во помошен објект од куќата на второпријавениот, овозможувала користење на сексуални услуги.

Второпријавениот, како што се наведува, со умисла и свесно ѝ помагал на првопријавената во извршување на дејствијата, ставајќи ги на располагање просториите од помошниот објект на својата куќа.

Од МВР информираат дека по целосно документирање на случајот, против двете лица е поднесена соодветна кривична пријава до надлежното обвинителство.

error: Содржината е заштитена од копирање !!