MKinformer

your daily dose of news

ЈА ПРИНУДУВАЛ СОПРУГАТА НА ПРОСТИТУЦИЈА ЗА КОКАИН, ПРЕКУ КАМЕРА ГЛЕДАЛ КАКО СЕКСУАЛНО ЈА ЗЛОУПОТРЕБУВААТ, ПОТОА ЈА ПРЕТЕПУВАЛ И ГОРЕЛ СО ЦИГАРИ

17/02/2025 19:03

Маж во 9-годишна брак присилно ја терал сопругата  на проституција за тој да си купува дрога со парите, а потоа ја претепувал и горел со цигари по телото. Полицијата го уапси мажот монструм, како и уште 3 лица кои сексуално ја експлоатирале жената и на нејзиниот сопруг му плаќале за тоа, а се трага по уште двајца вакви мажи. Осомничени се за кривично дело Трговија со луѓе.

Основното јавно обвинителство (ОЈО) Тетово првично го оформила предметот како семејно насилство и во ноември минатата година на сопругот му бил одреден триест дневен притвор, на по собирањето на доказниот материјал и преземените истражни дејствија, било утврдено дека станува збор за Трговија со луѓе, по што предметот е предаден Обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

„Првоосомничениот во текот на деветгодишна брачна заедница со жртвата, ја злоупотребил својата положба и со својата сопруга постапувал на особено понижувачки и суров начин, воспоставувајќи целосна контрола врз неа. Тој, со употреба на сила и сериозна закана, извршувал физичко и психичко насилство над неа, континуирано нанесувајќи ѝ телесни повреди и заканувајќи се по нејзиниот живот и животите на членовите на нејзиното семејство, по што започнал да ја принудува на сексуална експлоатација по пат на проституција заради стекнување на парична корист и наркотична дрога“, стои во извештајот на обвинтелството.

Сопругот- монструм во периодот од септември 2023 година до 20 ноември 2024, сорпугата ја претставувал како пријателка и безброј пати ја принудил  да дава сексуални услуги во угостителски објекти во Тетово и Гостивар, во нивниот семеен дом, како и во домовите на корисниците на сексуалните услуги. Контактирал со останатите осомничени – корисници на услугите, го договарал местото, како и надоместокот за услугата кој бил во пари или соодветна количина кокаин.

„Во однос на определување на мерки за обезбедување на присуство, јавниот обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција имајќи ги предвид околностите и тежината на стореното дело, на судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје му предложи определување на мерка притвор за четворица осомничени, додека двајца веќе се наоѓаат во притвор. Судијата го прифати предлогот и определи мерка притвор за сите лица, која мерка за двајца осомничени ќе се применува по нивно пронаоѓање“, се вели во соопштението на обвинителството.

error: Содржината е заштитена од копирање !!