MKinformer

your daily dose of news

Силен ветер го однесе кровот на СОУ „Јосиф Јосифовски“ во Гевгелија

18/02/2026 10:45

Поради силниот ветер што го зафати јужниот дел од земјата, летнала лимената конструкција од кровот на СОУ „Јосиф Јосифовски“-Гевгелија.

Според првичните информации, во инцидентот нема повредени лица. Сепак, на терен е побарана интервенција од службени лица од Министерство за внатрешни работи, како и од други надлежни институции.

За настанот се известени ТППЕ Гевгелија, Општина Гевгелија и Полициска станица Гевгелија, кои ќе постапуваат согласно своите надлежности со цел обезбедување на просторот и проценка на евентуалната материјална штета.

Надлежните апелираат граѓаните да бидат внимателни при движење во услови на засилен ветер и да ги почитуваат препораките на институциите.

Известуваат од ЦУК

error: Содржината е заштитена од копирање !!