MKinformer

your daily dose of news

Анкета на Општина Карпош предизвика потсмев: Граѓаните масовно незадоволни од работата

19/02/2026 17:14

Општина Карпош објави анкета на социјалните мрежи со наслов „Анкета за задоволството на работата на Општина Карпош“, што кај дел од граѓаните предизвика реакции поради, како што коментираат, несоодветната формулација на прашањето.

Според објавата, намерата била да се испита колку жителите се задоволни од работата на општинската администрација и нејзините сектори. Сепак, формулацијата на насловот предизвика бројни шеги и критики на социјалните мрежи.

Она што дополнително го привлече вниманието е содржината на коментарите под анкетата на Фејсбук. Голем дел од корисниците 99% изразуваат незадоволство од работењето на сите сектори во општината, посочувајќи конкретни проблеми поврзани со комуналната хигиена, инфраструктурата и административните услуги.

Во дел од коментарите се поставува и прашањето за присуството и активностите на новоизбраниот градоначалник, при што некои граѓани тврдат дека тешко можат да го пронајдат во општинската зграда.

Од Општина Карпош засега нема официјална реакција во однос на критиките и коментарите на социјалните мрежи.

error: Содржината е заштитена од копирање !!