MKinformer

your daily dose of news

Скопје и Подгорица меѓу нај главни градови на Балканот

26/03/2026 9:31

Неодамнешна дискусија на популарната Reddit страница r/AskBalkans повторно ја отвори темата за тоа кој главен град на Балканот корисниците го сметаат за најнепривлечен.

Прашањето, поставено во директна форма – „Кој главен град на Балканот мислите дека е најгрд и зошто?“ – предизвика стотици коментари и реакции од корисници од целиот регион. Според содржината на дискусијата, како најчесто споменувани градови се издвоиле Скопје и Подгорица.

Во дел од коментарите, Скопје било мета на остри критики, пред сè поради проектот „Скопје 2014“, кој и години подоцна продолжува да предизвикува поделени мислења во јавноста. Според дел од учесниците во дебатата, обидот центарот на градот да добие поинаков, „класичен“ изглед резултирал со архитектонски стил што многумина го доживуваат како неприроден и претеран.

Корисници во дискусијата посочиле дека, надвор од централното подрачје, Скопје за нив има изглед на типичен поранешен југословенски град, додека како позитивен сегмент најчесто се издвојува Старата скопска чаршија.

Од друга страна, Подгорица исто така често била споменувана како еден од помалку впечатливите главни градови во регионот, што според дел од корисниците ја прави „во мртва трка“ со Скопје во оваа неформална интернет-анкета.

Во дискусијата не биле поштедени ниту други балкански метрополи. Дел од корисниците упатиле критики и кон Белград, особено поради доминацијата на бруталистичка архитектура, иако истовремено нагласиле дека градот има силна енергија и богат урбан живот.

Слично, се појавиле и поделени мислења за Атина, која едни ја опишале како фасцинантна и полна со историја, а други како преголема, хаотична и валкана. Во дел од коментарите се споменува и Загреб, со оценка дека не е највпечатливиот град во Хрватска во споредба со некои други хрватски градови.

Иако станува збор за неформална расправа на социјалните мрежи, ваквите теми редовно предизвикуваат големо внимание, особено кога се поврзани со имиџот на градовите и начинот на кој тие се доживуваат од луѓето во регионот.

error: Содржината е заштитена од копирање !!