MKinformer

your daily dose of news

Истрага за загадувањето на водата во Струга: Пронајдени машини за ископ во близина на водоснабдителниот систем

21/02/2026 10:47

По наредба на Основно јавно обвинителство Струга, истражните органи спровеле увид во врска со загадувањето на водата од извориштето во селото Шум, од каде што се снабдува дел од Струга.

При преземените истражни дејствија, во непосредна близина на изворите биле затекнати работни машини на две правни лица од Велешта, кои вршеле активности на кршење, ископ и транспорт на карпи во поголем обем.

Сомнежи за две кривични дела

Поради основано сомнение за сторени кривични дела – Незаконита експлоатација на минерални суровини (член 225-а) и Загадување на водата за пиење (член 219 од Кривичниот законик), надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка поднел предлог за определување мерки на претпазливост.

Со предложените мерки се бара:

  • забрана за пристап на правните лица до парцелите на кои вршеле ископ,

  • забрана за преземање какви било работни активности во таа зона.

Продолжуваат доказните постапки

Од обвинителството информираат дека постапката е во тек и дека се преземаат дополнителни дејствија за обезбедување докази и утврдување на евентуална кривична одговорност за загадувањето на изворите во Шум.

Станува збор за извориште од кое значителен дел од подрачјето на Струга се снабдува со вода за пиење.

error: Содржината е заштитена од копирање !!