Трагедија во Скопје: 71-годишна жена загина во пожар во својот дом во Ќерамидница
25/02/2026 19:07
Седумдесет и едногодишна жена го загуби животот во пожар што избувнал во нејзиниот дом во скопската населба Ќерамидница.
Како што информираат од СВР Скопје, на 24.02.2026 година во 16:30 часот било пријавено дека настанал пожар во куќа сопственост на Т.П. (71) од Скопје, која имала здравствени проблеми.
На местото на настанот интервенирала екипа од Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, која успеала да го изгасне пожарот. По гаснењето, во објектот била пронајдена почината сопственичката.
Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, а по насоки на јавен обвинител, телото на починатата е предадено на обдукција.
Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Скопје, а се работи на утврдување на причините за настанување на пожарот.


![Пронајдена починaтa жена при гаcење на пожар во куќа во Волково pozarnikari-obuka[1]](https://mkinformer.com/wp-content/uploads/2021/05/pozarnikari-obuka1.jpg)



