MKinformer

your daily dose of news

Заев поднел тужби против Петрушевски и Жан Митрев: Бара по 500.000 денари за клевета

25/02/2026 19:17

Поранешниот премиер Зоран Заев денеска информираше дека поднел тужби за клевета и нарушување на честа и угледот против пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Бране Петрушевски и сопственикот на клиниката „Жан Митрев“, доктор Жан Митрев.

Заев преку објава на социјалните мрежи соопшти дека правната разрешница ќе ја бара на суд, по претходните јавни обвинувања изнесени на негова сметка.

„Поднесени се тужбите против Бране Петрушевски и Жан Митрев за клевета и нарушување на чест и углед. Не постои никаква дилема дека ќе се докаже лагата и на двајцата. Надоместокот од добиените тужби ќе оди за децата без родители и лицата со посебни потреби“, напиша Заев.

Тој претходно најави дека ќе поднесе тужба доколку Петрушевски не му се извини за тврдењата дека запленетата марихуана била поврзана со фирми блиски до него.

Во однос на доктор Митрев, Заев го тужи поради изнесени тврдења поврзани со наводно преземање на неговата болница.

Според информациите, во двете тужби Заев бара надомест на штета во висина од по 500.000 денари.

error: Содржината е заштитена од копирање !!