MKinformer

your daily dose of news

Џефри Сакс: Војната со Иран „не е во интерес на Америка“, но е во интерес да се оттргне вниманието од досиејата за Епштајн

28/02/2026 23:09

Американскиот економист Jeffrey Sachs изнесе сериозни обвинувања во врска со воената кампања што ја започнаа САД и Израел против Иран, оценувајќи дека конфликтот „не е во интерес на Америка“.

Во изјава што брзо се прошири на социјалните мрежи, Сакс посочи дека причините за војната можеби се поврзани со потребата да се оттргне вниманието од „она што е во досиејата на Епштајн“, алудирајќи на можни уцени или корупција.

„Можеби е поради тоа што се наоѓа во Епштајн фајловите… можеби е уцена, можеби е корупција… но тоа не е за интересите на Америка“, изјави Сакс.

Тој не понуди докази за ваквите тврдења, но нагласи дека, според неговата проценка, актуелната воена ескалација нема стратешка оправданост од аспект на американските национални интереси.

Изјавата доаѓа во момент на засилени тензии на Блискиот Исток и предизвика бројни реакции во јавноста, со поделени ставови околу мотивите за интервенцијата.

error: Содржината е заштитена од копирање !!