MKinformer

your daily dose of news

Велика Британија: Не учествуваме во нападите врз Иран

28/02/2026 14:00

Велика Британија денеска соопшти дека „не сака да види понатамошна ескалација во поширок регионален конфликт“, по американско-израелските напади врз Иран.

Британските власти нагласија дека земјата располага со одбранбени капацитети во регионот на Блискиот Исток и е подготвена да ги заштити своите интереси доколку биде потребно.

Според информациите на BBC, Велика Британија не учествувала во нападите извршени од САД и Израел врз Иран.

Се очекува британскиот премиер Кир Стармер денес да претседава со состанокот на владиниот комитет за вонредни состојби, познат како „Кобра“, на кој ќе се разгледува безбедносната состојба и можните последици од ескалацијата во регионот.

Меѓународната заедница во меѓувреме повикува на дипломатски напори за спречување на понатамошно ширење на конфликтот на Блискиот Ист

Иран најави „катастрофален одговор“ по нападите на Израел и САД, ИДФ пресретнува ракети

error: Содржината е заштитена од копирање !!