MKinformer

your daily dose of news

(ВИДЕО) Голем пожар во култниот ресторан „Мал одмор“ во Штип

04/03/2026 12:15

Голем пожар избувна синоќа во познатиот штипски ресторан „Мал одмор“, предизвикувајќи голема вознемиреност кај граѓаните.

На терен интервенирале сите расположливи капацитети на Територијалната противпожарна единица Штип. Во гаснењето на огнот учествувале три противпожарни возила и дванаесет пожарникари.

Во акцијата се приклучиле и членови на навивачката група „Ултра Банда“, кои заедно со пожарникарите помогнале во справувањето со огнената стихија, пренесе ТВ Стар.

Благодарение на брзата реакција, пожарот бил ставен под контрола и било спречено негово понатамошно ширење кон околните објекти.

Според информациите на ТВ „Стар“, првичните сознанија укажуваат дека најверојатна причина за пожарот била неисправна струјна инсталација. Надлежните служби ќе ги утврдуваат точните околности и причините за настанот.

error: Содржината е заштитена од копирање !!