MKinformer

your daily dose of news

Сончево и релативно топло време: температури до 18 степени

10/03/2026 8:44

Времето денеска во Македонија ќе биде претежно сончево со мала до умерена локална облачност, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, а минималната температура ќе се движи од -3 до 3 степени. Максималната дневна температура ќе достигне од 12 до 18 степени.

Во Скопје се очекува сончево време со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до околу 0 степени, додека максималната ќе достигне до 17 степени.

Според прогнозата на УХМР, до петок ќе преовладува стабилно, сончево и релативно топло време со мала до умерена облачност.

Утринските часови ќе бидат постудени, а во некои места температурите ќе се спуштаат и под нулата.

Во текот на викендот се очекува промена на времето, со променливо облачно небо и услови за појава на слаби локални врнежи од дожд.

error: Содржината е заштитена од копирање !!