Временска прогноза: Денес ќе имаме сончево и топло време
12/03/2026 9:15
Времето денеска ќе биде сончево и релативно топло, со мала локална облачност и слаб до умерен променлив ветер, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Утринските температури ќе се движат од -4 до 3 степени, додека дневната температура ќе достигне меѓу 15 и 21 степен, што носи пријатно и стабилно време во поголем дел од земјата.
Во Скопје се очекува сончево време со мала облачност и слаб променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до -1 степен, а максималната ќе достигне до 20 степени.
Според најавите, и утре ќе преовладува претежно стабилно и сончево време, со мала до умерена облачност.
Промена на временските услови се очекува за време на викендот и во првите денови од новата седмица, кога ќе има променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд.
Граѓаните денеска и утре ќе можат да уживаат во потопло и сончево време, но од викендот се очекува постепено влошување на времето.





