MKinformer

your daily dose of news

Велосипедист тешко повреден во сообраќајка во Скопје

20/03/2026 15:08

Велосипедист тешко повреден во Скопје откако во него удрило патничко возило. Според информациите од полицијата, на 19.03.2026 во СВР Скопје било пријавено дека во 12:50 часот на улицата „Благоја Стефковски“, на излез од бензинска пумпа, патничко возило удрило во велосипед управуван од Б.А. (20) од Скопје.

Според пријавеното, по незгодата возачот на возилото му пружил помош на велосипедистот, а откако двајцата си заминале од местото на настанот, Б.А. почувствувал болки. Потоа бил пренесен во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.

Надлежните информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

error: Содржината е заштитена од копирање !!