MKinformer

your daily dose of news

Нестабилно време низ Македонија: Попладне локален дожд

24/03/2026 9:55

Денеска низ земјава ќе се задржи нестабилно време со променлива облачност, а во попладневните часови на повеќе места се очекуваат краткотрајни врнежи од дожд со локален карактер.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, кој на одделни места може повремено да се засили.

Во Скопје времето ќе биде слично, променливо облачно, со можност за слаб локален дожд во делови од котлината во попладневните часови. Ќе дува умерен ветер од северен правец.

Слични временски услови се очекуваат и утре во главниот град, но со постепена стабилизација.

Во текот на утрешниот ден времето низ Македонија ќе остане променливо, но со подолги сончеви периоди. Врнежите ќе бидат поретки и главно ќе се задржат во повисоките и планинските подрачја.

Северниот ветер ќе биде умерен, а на некои места повремено и засилен.

error: Содржината е заштитена од копирање !!