Халкбанк алармира за лажна наградна игра
28/04/2026 11:13
Халкбанк АД Скопје ги предупреди граѓаните и своите клиенти дека на социјалните мрежи се појавила фишинг кампања претставена како наградна игра.
Од банката апелираат до јавноста да не отвора сомнителни линкови и да не внесува лични или банкарски податоци на непроверени страници.
Во соопштението се нагласува дека целокупната комуникација меѓу банката и клиентите се одвива исклучиво преку официјални канали потврдени од Халкбанк.
Од таму повикуваат на зголемена внимателност, со цел заштита од можни злоупотреби и обиди за кражба на чувствителни информации.
Банката потсетува дека клиентите треба секогаш да ја проверуваат веродостојноста на пораките, објавите и линковите што ги добиваат, особено кога станува збор за содржини што бараат внесување лични или финансиски податоци.
Интегрално соопштението на банката
Халкбанк АД Скопје Ве предупредува дека на социјалните мрежи се шири фишинг кампања во вид на наградна игра.
Ве молиме не кликајте на сомнителни линкови и не внесувајте лични или банкарски податоци.
Целокупната комуникација помеѓу банката и клиентите се одвива преку официјални канали кои се потврдени од страна на банката.
Со почит,
Халкбанк АД Скопје





