Трагедија во Прилеп: 19-годишник загина во судир со автобус
30/04/2026 12:08
Деветнаесетгодишно момче утрово го загуби животот во тешка сообраќајна несреќа во Прилеп.
Според информациите од МВР, несреќата била пријавена денеска, 30 април 2026 година, во 06:23 часот. Таа се случила на улицата „Леце Котевски“ во Прилеп.
Во несреќата учествувале автобус со прилепски регистарски ознаки, управуван од Г.К. (62) од Прилеп, и мотоцикл „хонда“ без регистарски ознаки. Мотоциклот го управувал В.Б. (19) од селото Големо Коњари, прилепско.
По несреќата, младиот мотоциклист бил пренесен во Градската болница во Прилеп. Таму лекар констатирал смрт.
Увид на местото извршила увидна екипа на ОВР Прилеп. Се преземаат мерки за целосно расчистување на околностите под кои се случила несреќата.

![18-годишник со мотор загина во тешка сообраќајна несреќа во Чаир soobrakajka-motor[1]](https://mkinformer.com/wp-content/uploads/2021/05/soobrakajka-motor1.jpg)



