Груевски во жестока реакција: „Кој е на власт, зар пак Заев?“
03/05/2026 22:42
Кој се крие зад новата екстрадициска фарса?
По најавите на министерот за правда дека ќе бара екстрадиција на Никола Груевски од Унгарија, поранешниот премиер со право прашува: дали нешто навистина се смени во Македонија? Или истите луѓе и истите методи сега доаѓаат во ново руво?
Груевски во својата реакција не се брани, тој напаѓа со факти. И тоа не било какви факти. Тој ги отвора судските списи и покажува апсурдност на пресудите што никаде во демократскиот свет не би поминале.
Апсурдот на „криминалот“: Блиндирана кола, плацови и духови
Да почнеме по ред.
Блиндираната кола. Груевски е осуден дека извршил влијание за набавка на блиндирано возило. А каква корист остварил тој? Според пресудата, неколку пати се возел во таа кола. Да, добро прочитавте. Возачки услуги се третираат како кривично дело против поранешен премиер.
Становите. Груевски потпишал договор за изнајмување на станови. Сопственикот потврдува дека станува збор за изнајмување. Директорот на фирмата која наводно ги купила за Груевски, декларира дека ги платил со свои пари и дека никогаш не разговарал со Груевски за купување. А сепак – пресуда.
Плацовите. Груевски не дал пари, не побарал ништо, нема никаква сопственост. Ама – пресуда.
Шамарите. За ова дело, Груевски е осуден за насилство, иако никој никому не удрил шамар. Клучни сведоци, советници на СДСМ во општина Центар. Нивниот главен доказ? Дека го чувствувале духот на Груевски за време на протестите. И врз основа на такво „сведочење“, судијата донесува пресуда, одбивајќи да ги сослуша сите тројца сведоци на одбраната.
Ова не е правда. Ова е фарса.
Судството под диктат: Разрешени судии и нарачани пресуди
Груевски отворено зборува за она што многумина во страв го молчат, судството работело по нарачка.
Судијата што постапил законски во предметот за патиштата, бил разрешен. Пораката до сите останати судии била јасна: „Пресудувај како што ти е кажано или те чека истата судбина“.
Поранешната обвинителка на СЈО, Лејла Кадриу, во своите интервјуа потврдува, СЈО бил штаб на СДСМ. Таму влегувале Заев и Шеќеринска и давале насоки. Обвинител излегувал од состаноци за да праша во СДСМ како да постапува, пред да ги извести другите обвинители.
Судијата Ристо Катавеновски, член на Врховниот суд, беше разрешен затоа што одбил да спроведе нарачка од тогашниот премиер Заев за потврдување на предметот „Тенк“.
Зошто странците го велат, она што го велат?
Груевски има објаснување и за тоа зошто странски министри, премиери и новинари го нарекуваат криминалец.
„Тие не се запознаени со деталите на судските предмети, ниту се должни да бидат запознаени. Тие знаат дека има пресуди и ја следеле реториката на поранешната власт предводена од СДСМ.“
И тој е во право. ЕУ не проучувала дали судиите биле под притисок, дали сведоците биле уценувани, дали обвиненијата се апсурдни. Тие само виделе, пресуда. И тоа им беше доволно.
Еден ден вистината ќе стигне до Брисел
Груевски испраќа јасна порака до актуелниот министер за правда: Наместо да собираш информации за мојата екстрадиција, провери ги злоупотребите на Заев и СЈО. Собери ги сведоштвата на адвокатите. Прочитај ги обвиненијата. Погледни ги интервјуата на Кадриу и Катавеновски.
А потоа, постапи според законот и својата совест.
„Еден ден, сè ова ќе допре и до ЕУ. Таа парадија на правосудниот систем на Македонија ќе се погледне од вистинскиот агол.“
Дотогаш, Никола Груевски останува она што отсекогаш бил, жртва на валкана политичка машина, а не криминалец. Вистината има свој пат – бавен, но неизбежен.
Во продолжение прочитајте ја објавата на Г-дин Никола Груевски






