MKinformer

your daily dose of news

МВР предупредува: Лажни СМС пораки за наплата на сообраќајни прекршоци

04/05/2026 16:13

Измамниците крадат податоци од платежни картички

Секторот за компјутерски криминал при Бирото за јавна безбедност – МВР, информира дека изминативе денови е забележана зачестена појава на измамнички пораки за наплата на сообраќајни прекршоци.

Непознати лица од странски телефонски број +639606963624 испраќаат пораки на македонски корисници со тврдење дека имаат регистрирано сообраќаен прекршок и бараат наплата преку платежна картичка на лажна веб-страница:

🔗 http://mvr.govmk.cam/mk

Како функционира измамата?

Откако граѓанинот ќе кликне на линкот во пораката, тој води до лажна веб-страница која личи на официјалната страница на Министерството за внатрешни работи.

Потоа, од вас бараат:

  1. да ја внесете регистарската табличка на вашето возило

  2. по што ве носат на нов прозорец каде ви стои „регистриран прекршок“

  3. се бара наплата од 1.500 денари за истиот

Со внесување на податоците од вашата платежна картичка, ја препуштате целата информација на измамниците, кои потоа можат да ги злоупотребат.

Апел од МВР: Не кликајте на сомнителни линкови!

Од Секторот за компјутерски криминал апелираат до граѓаните:

🔴 Да не веруваат на пораки кои доаѓаат од нелегитимен веб-сајт на Министерството
🔴 Да не оставаат свои лични податоци и податоци од платежна картичка
🔴 Да не отвораат сомнителни линкови и прикачени документи од непознати испраќачи

„Целта на измамниците е да дојдат до вашите платежни податоци и да ги злоупотребат. Бидете исклучително претпазливи!“ – порачуваат од МВР.

Што да направите ако сте се сомневате?

Доколку сте примиле ваква порака:

  • НЕ кликајте на линкот

  • НЕ внесувајте никакви податоци

  • Пријавете го случајот во најблиската полициска станица или преку контакт центapor на МВР

Внимателноста е најдобрата заштита од ваквите сѐ почести онлајн измами. 🚔

error: Содржината е заштитена од копирање !!