MKinformer

your daily dose of news

Масовна тепачка пред кафана во Центар, во инцидентот учествувале седум лица

04/05/2026 8:11

Масовна физичка пресметка била пријавена вчера во Скопје, информира Министерството за внатрешни работи.

Според полицијата, инцидентот се случил на 3 мај околу 01:15 часот. Тепачката избувнала пред угостителски објект на подрачјето на Центар, каде бил нарушен јавниот ред и мир.

Во пресметката учествувале седум лица на возраст од 18 до 26 години. Станува збор за лица од Скопје, Куманово, кратовско и кумановско.

Од МВР соопштија дека во инцидентот учествувале Н.С. (18), Н.А. (19), А.С. (26) и Е.С. (19), сите од Скопје, како и И.Г. (19) од село Трновац, кратовско, Д.М. (22) од Куманово и М.С. (24) од село Тромеѓа, кумановско.

Полицијата најавува дека по целосно расчистување и документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни пријави.

error: Содржината е заштитена од копирање !!