MKinformer

your daily dose of news

УХМР: Денеска сончево и потопло, од крајот на седмицата повторно дожд

04/05/2026 7:30

Утрото денеска ќе биде ведро и постудено, а во текот на денот времето ќе биде сончево со мала локална облачност, соопшти УХМР. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Утринските температури ќе се движат од -3 до 6 степени, а дневните ќе достигнат од 18 до 25 степени. Во Скопје, утрото ќе биде студено, со температура околу нула степени, а преку ден ќе биде сончево со мала облачност и слаб до умерен северен ветер. Максималната дневна температура во главниот град ќе достигне до 24 степени.

Според временската најава на УХМР, на почетокот на работната недела ќе преовладува релативно топло време со ветер од јужен правец. Кон крајот на седмицата повторно се очекуваат локални врнежи од дожд.

error: Содржината е заштитена од копирање !!