MKinformer

your daily dose of news

35-годишен скопјанец донесен во бесознание на Клинички, набргу починал

25/09/2026 13:41

35-годишен скопјанец починал откако во бесознание бил донесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Според информациите од МВР, вчера во 16:54 часот во Полициската станица Гази Баба било пријавено дека Ф.Р. (35) од Скопје бил донесен во бесознание на Клиничкиот комплекс.

Набргу потоа тој починал.

Лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.

Обдукцијата треба да ја утврди точната причина поради која 35-годишен скопјанец починал.

error: Содржината е заштитена од копирање !!