MKinformer

your daily dose of news

(ВИДЕО) Жена краде касичка со донации за болно дете

07/05/2026 23:28

Срам во маркет: Жена украде касичка со донации за болно дете

Граѓаните тврдат дека не и е прв пат, полицијата „не ги сфаќа сериозно“

МК Информер дојде до вознемирувачко видео од безбедносна камера во маркет во скопската населба Аеродром на која се гледа како жена краде касичка со донации наменети за болно дете.

На снимката се гледа како жената без никакво двоумење ја зема касичката и си заминува, оставајќи ги оние кои собирале помош, и семејството на болното дете, во шок и очај.

Не и е првпат

Според коментарите на граѓаните под објавите на социјалните мрежи, наводната сторителка е позната на полицијата и веќе со години краде во таа населба.

„Во аеродром партал прави и не само во Аеродром нема кој н ја знае …“, пишува едена граѓанка.

Дали некој ќе ги заштити донаторските касички за болни деца?

Додека граѓаните бараат одговорност, полицијата засега молчи. Прашањето е зошто некој што крадел донации наменети за болни деца, уште шета слободно?

МК Информер очекува реакција од полицијата. До тогаш, видеото зборува само за себе.

error: Содржината е заштитена од копирање !!