MKinformer

your daily dose of news

Две жени се испотепале на гробиштата во Ѓорче, бил употребен и тврд предмет

09/05/2026 21:06

Две жени вчера се испотепале пред влезот на гробиштата во Ѓорче Петров, а во инцидентот бил употребен и тврд предмет.

Според информациите од полицијата, случајот бил пријавен на 8 мај 2026 година во 11:50 часот во СВР Скопје.

Од МВР информираат дека по претходна расправија бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка меѓу 36-годишната З.К. и 55-годишната Д.З., двете од Скопје.

Во тепачката, како што наведува полицијата, бил употребен и тврд предмет.

По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

error: Содржината е заштитена од копирање !!