MKinformer

your daily dose of news

Комунален редар претепан пред Град Скопје, му бил скршен носот

10/05/2026 9:07

Комунален редар од Град Скопје ноќеска бил повреден во инцидент што се случил пред бараките на Град Скопје, откако едно лице најпрво уринирало врз службено возило, а потоа физички нападнало вработен.

Според информациите од МВР, случајот бил пријавен во 00:10 часот во СВР Скопје.

Од полицијата информираат дека на булеварот „Илинден“, пред Град Скопје, едно лице нападнало инспектор од Град Скопје. На местото биле тројца комунални инспектори, кои забележале три лица. Едно од нив уринирало врз службеното возило, по што веднаш го напуштило местото.

Според пријавата, откако неговите другари го повикале назад, било утврдено дека станува збор за Д.Т. (24) од скопското село Љубанци.

Потоа следувала кратка расправија меѓу него и вработениот И.С. (51) од Скопје. Расправијата прераснала во физичка пресметка, при што двајцата се здобиле со телесни повреди.

Неофицијално, комуналниот редар завршил со скршеници на носот. Случајот се расчистува.

error: Содржината е заштитена од копирање !!