MKinformer

your daily dose of news

Го истепала сопругот со тврд предмет, а потоа оштетила ѝ дел од покуќнината!

13/05/2026 8:02

Полицијата ноќеска уапсила 38-годишна жена од Скопје, откако била пријавена за семејно насилство во дом на подрачјето на Карпош.

Според информациите од МВР, на 12 мај 2026 година во 00:35 часот, полициски службеници од СВР Скопје ја лишиле од слобода А.К.Ј. (38) од Скопје.

Таа била пријавена дека претходно, на 11 мај околу 22:15 часот, во семејниот дом физички го нападнала својот 41-годишен сопруг.

Во нападот, според пријавата, употребила тврд предмет. Притоа оштетила и дел од покуќнината во домот.

Од пријавеното произлегува и дека сопругот и претходно бил психички и физички малтретиран од неа.

Случајот се расчистува, а по негово целосно документирање ќе следува соодветен поднесок.

error: Содржината е заштитена од копирање !!