MKinformer

your daily dose of news

Јакимовски: Ми пречи користење „УЧК“, од сателит се гледа партиски декор

19/05/2026 11:27

Јакимовски: Студентскиот протест за правосуден испит на албански е партиски, декорот ме изненади

„Очигледно зад протестот стои политичка партија“

Лидерот на ГРОМСтевче Јакимовски, смета дека вчерашниот протест на студентите Албанци по повод барањето за правосуден испит на албански јазик е партиски.

„Мене лично ми смета што при секоја потреба, за било какво прашање да разговараме, веднаш се апострофира УЧК, односно воениот дел од политичкото крило на ДУИ. Ние сите се надеваме дека таа работа веќе е завршена“, изјави Јакимовски во емисијата „Само вистина“.

„Декорот со вакви штампани натписи“

Јакимовски како доказ дека станува збор за организиран протест го посочи декорот со штампани натписи.

„Од „сателит“ се гледа кои партии биле вклучени во протестот“, додаде тој.

„Нема да се тепаме за ова, смешни сме“

Лидерот на ГРОМ порача дека за вакви прашања треба да се разговара, да се видат искуствата од другите држави и да се консултираат странски експерти.

„Нема ваљда да се тепаме за оваа работа. Во дадени моменти сме и смешни. Ние овие работи ги решаваме со политика, не ги решаваме со Устав“, рече Јакимовски.

Потребна помош од надвор

Јакимовски се залага за разговор и помош од надвор, за да се најде решение кое ќе биде прифатливо за сите страни.

„Да се видат искуствата од надвор и да се најде решение прифатливо и за средината“, порача тој.

error: Содржината е заштитена од копирање !!