Силен земјотрес со јачина од 6 степени ја погоди Турција
20/05/2026 10:09
Силен земјотрес денеска ја погоди источна Турција, а потресот бил почувствуван и во соседна Сирија. Според првичните извештаи, нема информации за жртви или за поголема материјална штета.
Меѓународните и националните сеизмолошки служби објавија малку различни податоци за јачината на земјотресот. Германскиот истражувачки центар за геонауки (GFZ) соопшти дека потресот бил со магнитуда од 5,8 и на длабочина од 10 километри, додека турската Агенција за управување со катастрофи и вонредни состојби (AFAD), пренесена од АП, наведе јачина од 5,6 и длабочина од 7 километри.
Според АП, епицентарот бил во округот Баталгази, во турската провинција Малатија, а телевизиските снимки покажале евакуација на училишта и граѓани кои во паника излегуваат од објектите.
Очевидци на страниците за следење земјотреси наведуваат дека потресот бил силен и дека во домовите се нишале лустери и мебел. Во првите часови по земјотресот, надлежните не пријавија сериозни последици.
Турција се наоѓа на активни раседни линии и често е погодена од земјотреси. Поради тоа, секој посилен потрес во источниот дел на земјата повторно ја зголемува загриженоста кај населението.





