MKinformer

your daily dose of news

ИПАРД 3 пред бизнис-заедницата: Презентирани нови можности за инвестиции во земјоделството и преработката

21/05/2026 8:25

Директорката на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Даниела Иротова Лазарева, пред претставници на бизнис-секторот ги презентираше можностите за искористување на средствата од ИПАРД 3 програмата.

Настанот беше организиран од Стопанската комора. На него присуствуваа голем број домашни бизнисмени, како и осум компании од Италија.

Италијанските компании ги претставија најновите технологии, практики и опрема за преработка на месо. Овие решенија сега им се достапни и на домашните компании кои сакаат да инвестираат и да го модернизираат производството.

Според директорката Иротова Лазарева, домашните инвеститори полесно можат да дојдат до ваква современа опрема токму преку користење на средствата од ИПАРД 3 програмата.

Таа нагласи дека програмата отвора реална можност за модернизација на капацитетите, зголемување на конкурентноста и поттикнување нови инвестиции во земјоделството и прехранбената индустрија.

Пред присутните се обратија и амбасадорот на Италија во земјава, Паоло Палминтери, како и претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески.

Настанот беше оценет како добра можност за поврзување на домашниот бизнис со современи европски практики и за поголема искористеност на средствата што им стојат на располагање на компаниите преку ИПАРД 3.

error: Содржината е заштитена од копирање !!