MKinformer

your daily dose of news

Возило Шкода удри пешак кај Жена парк

21/05/2026 19:46

Пешак е повреден во сообраќајна несреќа што денеска напладне се случила во центарот на Скопје, во близина на Жена парк.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, несреќата се случила околу 13:09 часот на улицата „Филип Втори Македонски“.

Во пешакот удрило патничко возило „шкода“ со скопски регистарски ознаки.

На местото на настанот веднаш интервенирале надлежните служби. Извршен бил увид, а полицијата работи на утврдување на причините и околностите под кои се случила несреќата.

Засега не се соопштени повеќе детали за здравствената состојба на повредениот пешак.

error: Содржината е заштитена од копирање !!