MKinformer

your daily dose of news

(Видео)Шест сплавови изгореа на Сава во Белград

21/05/2026 20:23

Шест сплавови изгореа денеска на реката Сава кај населбата Макиш во Белград, потврди српското Министерство за внатрешни работи.

Од МВР соопштија дека во пожарот нема повредени лица и дека огнот е ставен под контрола.

На местото на настанот интервенирале 24 пожарникари, осум противпожарни возила и еден противпожарен чамец, кои работеле на локализирање и гаснење на пожарот.

Претходно, страницата „Мој Београд“ на Инстаграм објави дека пожар избувнал на еден сплав на Сава, спроти Блок 45 во Нов Белград, а потоа се проширил и на други објекти.

Според објавените информации, противпожарните екипи интензивно интервенирале за да спречат огнот да се прошири и на околните сплавови.

Засега не се соопштени повеќе детали за причините за пожарот.

error: Содржината е заштитена од копирање !!