Тројца пожарникари загинаа во пожарите во Грција, илјадници туристи евакуирани од Крит
30/07/2026 10:06
Тројца пожарникари загинаа во пожарите во Грција, додека властите продолжуваат со евакуација на населени и туристички области. Двајца пожарникари го загубиле животот на Крит, а трет пожарникар починал на Пелопонез.
Само од загрозените крајбрежни области на Крит биле евакуирани околу 2.000 туристи. Дел од посетителите и жителите биле извлекувани по морски пат, додека пожарите се ширеле поттикнати од силниот ветер.
Двајца пожарникари загинаа на Крит
Големиот шумски пожар во јужниот дел на Крит избувнал вчера попладне во областа Ретимно.
Двајцата пожарникари биле заробени од огнот додека со возило се движеле меѓу пожарните фронтови. Нивните тела подоцна биле пронајдени во близина на областа Сахтурија.
Станува збор за 25-годишен сезонски пожарникар и 58-годишен пожарникар вработен со петгодишен договор. Во интервенциите полесно биле повредени и двајца доброволци.
Трет пожарникар починал додека учествувал во гаснењето пожар на Пелопонез. Според првичните информации, тој се онесвестил поради здравствени причини.
Огнениот фронт во Ретимно долг 20 километри
Противпожарните екипи во текот на целата ноќ се бореле со големите огнени фронтови во Ретимно, Ситија и Пломари.
Најтешка била состојбата во општината Агиос Василиос, каде што пожарот брзо се ширел поради силните ветрови и сувата вегетација.
Во операцијата биле ангажирани стотици пожарникари, десетици возила и пешадиски противпожарни единици. Дополнителни сили биле испратени од Пиреја, додека во гаснењето биле вклучени и противпожарни летала.
Пожарникарите истовремено се справуваат и со расфрлани жаришта на островот Парос.
Туристите сместени во привремени центри
Во областа Ираклион, стотици евакуирани посетители биле сместени во затворена спортска сала во Мирес. Локалните власти обезбедиле места за спиење и комплети за прва помош.
За поголемиот дел од Грција е прогласен многу висок ризик од пожари, односно категорија 4. Противпожарните сили остануваат во зголемена готовност по трагичните пожари во Грција, во кои загинаа тројца пожарникари.
Two firefighters have died in a wildfire that broke out Wednesday on the southern Greek island of Crete, the fire department said. A third firefighter also died Wednesday outside the fire perimeter, after tackling a separate blaze in Greece’s southern Peloponnese region. pic.twitter.com/R0EDwfLU5W
— The Associated Press (@AP) July 29, 2026







One thought on “Тројца пожарникари загинаа во пожарите во Грција, илјадници туристи евакуирани од Крит”
Comments are closed.