MKinformer

your daily dose of news

Повреден планинар, спасен и евакуиран од планината Кораб

23/05/2026 22:15

Повреден планинар е успешно спасен по пријава добиена преку Единствениот број за итни повици 112.

По добиената пријава, Центарот за управување со кризи – РЦУК Тетово веднаш остварил координација со СВР Тетово, Полициската станица Маврово и ЈП Национален парк Маврово, со цел брза и ефикасна интервенција на терен.

Ренџерите од Националниот парк успеале да го лоцираат повредениот планинар, кој бил во стабилна состојба.

По лоцирањето, започнало негово безбедно спуштање кон селото Жужње, каде што бил преземен од екипа на Итната медицинска помош од Гостивар.

Потоа следувал транспорт за понатамошен медицински третман.

Од Центарот за управување со кризи вечерва информираа дека благодарение на брзата реакција и координацијата на сите надлежни служби, спасувањето било успешно реализирано.

error: Содржината е заштитена од копирање !!