Пожар кај Велес во близина на затворот се прошири кон Војница, затворен регионалниот пат кон Извор
17/06/2026 9:18
Пожар кај Велес денеска избувнал околу 09:50 часот на отворен простор, во непосредна близина на Казнено-поправната установа Велес – Превалец. Според информациите од Центарот за управување со кризи, огнот првично бил ставен под контрола за кратко време.
Ветерот повторно ја активирал огнената линија
Околу 13:00 часот, поради засилениот ветер, пожарот повторно се активирал. Огнената линија потоа се проширила во правец на селото Војница, во Општина Чашка.
На терен интервенираат екипи на ТППЕ Велес со 10 пожарникари и 3 противпожарни возила. Во гаснењето се вклучени и доброволците од ДПД „Бабуна“, вработени од ЈКП „Тополка“ – Чашка, како и вработени од Шумското стопанство „Бабуна“ – Велес.
Опожарена сува трева и нискостеблеста шума
Според првичните информации, опожарена е површина обрасната со сува трева и нискостеблеста деградирана шума.
Од АМСМ информираат дека околу 14:30 часот, поради зафатениот терен од огнот, сообраќајот на регионалниот пат Р-1312 Велес – село Извор е целосно затворен.
Сообраќајот се пренасочува преку селото Горно Оризари.





