Бегајќи од полицијата фрлил три торби со дрога во Битолско, испукани предупредувачки истрели
17/06/2026 12:58
Марихуана во Битолско била пронајдена вчера на потегот помеѓу селата Лажец и Граешница, информираа од СВР Битола.
Според информациите од полицијата, вчера во 18:45 часот, при преземање службени дејствија, полициски службеници од СВР Битола забележале едно лице. Тоа не застанало на издадена усна наредба.
Испукани предупредувачки куршуми
Притоа, еден од полициските службеници испукал три предупредувачки куршуми во воздух. Сепак, лицето не застанало, фрлило торба и побегнало.
По пребарување на теренот, биле пронајдени три торби со 46 пакувања марихуана.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот
Од СВР Битола информираат дека се преземаат мерки за расчистување на настанот.



![Тетовец се обидел да прегази полицајци, па се дал во бегство, полицијата пykала во воздух policija-mk-777x437-225346[1]](https://mkinformer.com/wp-content/uploads/2021/05/policija-mk-777x437-2253461.jpg)

