MKinformer

your daily dose of news

ЕК: Младите сакаат социјални мрежи, родителите не

18/06/2026 10:22

Генерациски јаз на екраните, младите сакаат, родителите стравуваат

Додека родителите низ Европа се загрижени за влијанието на социјалните мрежи врз своите деца, самите тинејџери гледаат сосема поинаква слика. Новото истражување нарачано од Европската комисија открива длабок јаз во перцепцијата помеѓу генерациите – младите масовно ги бранат социјалните платформи, додека нивните родители остануваат длабоко скептични.

50% од тинејџерите велат, социјалните мрежи ни помагаат

Речиси половина од испитаниците на возраст од 13 до 18 години (48%) изјавиле дека социјалните мрежи имаат позитивно влијание врз нивната ментална благосостојба. Спротивно на тоа, само 21 отсто од родителите го делат истиот став. Ова е разлика од повеќе од двојно, што укажува на фундаментално различно доживување на дигиталниот свет.

Родителите двојно повеќе стравуваат од негативните ефекти

Додека 18 проценти од тинејџерите признаваат дека социјалните мрежи негативно влијаат на нивната психичка состојба, кај родителите оваа бројка скока на 36 отсто – дупло повеќе. Околу една третина од адолесцентите (34%) сметаат дека платформите како ТикТок, Инстаграм и Снепчет немаат ниту позитивно ниту негативно влијание, додека кај родителите тој процент е 42%.

Тинејџерите трошат повеќе време пред екран отколку што мислат родителите

Истражувањето откри уште една несовпаѓање, младите поминуваат значително повеќе време пред екран отколку што проценуваат нивните родители. Тинејџерите признаваат дека во просек користат телефони, таблети или гледаат телевизија по 4,5 часа дневно во текот на работната недела, а за време на викендите тоа време се искачува на 6,1 час. Родителите, пак, проценуваат дека нивните деца пред екран поминуваат околу еден час помалку.

Поврзаност со здравствени проблеми, но без директен доказ

Истражувачите утврдиле поврзаност меѓу подолгото време поминато пред екран и пријавените проблеми како главоболки, нарушувања на сонот и потешкотии со концентрацијата. Сепак, експертите предупредуваат, овие резултати не треба да се толкуваат како доказ дека екраните директно предизвикуваат ментални проблеми.

Кој е вистинскиот однос?

Клучното објаснување е дека младите кои веќе се соочуваат со психолошки или емоционални тешкотии веројатно повеќе време поминуваат на социјалните мрежи или играјќи видеоигри. Со други зборови, социјалните мрежи може да бидат белег на постоечки проблем, а не негов примарен предизвикувач. Ова суштински го менува начинот на кој треба да ги гледаме навиките на младите и отвора простор за поинаков пристап, помалку паничен, а повеќе аналитички.

error: Содржината е заштитена од копирање !!