MKinformer

your daily dose of news

Нестабилно време со дожд и грмежи од денес до петок

23/06/2026 7:47

Циклонска активност од Турција носи нестабилно време со дожд и грмежи

Денеска во Македонија се најавува нестабилно време под влијание на циклонска активност од Турција. Се очекуваат дожд, грмежи и засилен ветер, со локално поинтензивни процеси кои ќе донесат пороен дожд, силен ветер и појава на град.

Температури од 11 до 36 степени

Минималната температура денеска ќе се движи во интервал од 11 до 19 степени, додека максималната ќе достигне од 28 до 36 степени, во зависност од регионот.

Во Скопје попладне нестабилно

Во главниот град, претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Во попладневните часови, сепак, ќе има услови за развој на нестабилна облачност, проследена со дожд, грмежи и засилен северен ветер. Минималната температура во Скопје ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне 33 степени.

Нестабилноста се задржува до петок

Нестабилното време ќе се задржи до петок, кога следува период на претежно сончево и потопло време со пораст на дневните температури кои ќе го надминат 30-тиот степен. Во четврток се најавува изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи.

Од Управата за хидрометеоролошки работи апелираат до граѓаните да бидат внимателни, особено при движење на отворен простор за време на невремето.

error: Содржината е заштитена од копирање !!