MKinformer

your daily dose of news

Три земјотреси на три континенти: Случајно или нешто повеќе?

25/06/2026 10:43

Три силни земјотреси во ист ден ги погодија Јапонија, Венецуела и Калифорнија

Три силни земјотреси во ист ден ги погодија Јапонија, Венецуела и американската сојузна држава Калифорнија, предизвикувајќи загриженост и прашања дали овие настани се меѓусебно поврзани.

Земјотреси со различна јачина

Во Јапонија беше регистриран земјотрес со јачина од 6,9 степени според Рихтер, додека Венецуела ја погодија два силни потреса од 7,5 и 7,2 степени. Во Калифорнија беше забележан земјотрес со јачина од 5,6 степени.

Сеизмолозите: Станува збор за случајност

Според експертката од Калифорнискиот технолошки институт, д-р Луси Џонс, станува збор за случајност, бидејќи земјотресите се случиле на различни раседни системи и граници на тектонски плочи.

“Иако нивното речиси истовремено појавување изгледа необично, овие региони се наоѓаат во сеизмички активни подрачја каде силни земјотреси се очекуван дел од природните геолошки процеси”, нагласуваат научниците.

Предвидувањето на земјотресите сè уште е невозможно

Експертите потсетуваат дека и покрај напредокот на науката, сè уште не е можно прецизно да се предвиди кога и каде ќе се случи следниот голем земјотрес.

Апокалиптични кадри од Венецуела

Во Венецуела, силните земјотреси предизвикаа големи материјални штети, а од Каракас пристигнаа апокалиптични снимки од урнатините и хаосот на улиците.

Најмалку 32 загинати и околу 700 повредени во земјотресот во Венецуела

error: Содржината е заштитена од копирање !!