Денеска сончево и топло до 38 степени
27/06/2026 7:48
Сончево и многу топло денеска, попладне можни грмежи во планините
Денеска во Македонија ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од север, а попладне, особено во планинските предели, ќе има услови за локална нестабилност со пороен дожд и грмежи.
Температури до 38 степени
Утринските температури ќе се движат од 12 до 20 степени, додека дневните ќе бидат доста високи – од 30 до 38 степени. Најтопло ќе биде во централните и јужните делови на државата.
Во Скопје жешко до 38 степени
Во главниот град се очекува сончево и топло време со умерена облачност. Северниот ветер ќе биде слаб до умерен. Минималната температура во Скопје ќе биде околу 19, а максималната ќе достигне до 38 степени.
Жешкиот бран продолжува
Од УХМР најавуваат дека времето ќе остане сончево и многу топло најмалку до средината на наредната седмица, под влијание на топла воздушна маса од југ. Дневните температури насекаде ќе бидат над 30 степени, а на места ќе се искачуваат дури до 39°C. Високите вредности ќе се задржат и во текот на ноќта.
Од хидрометеоролозите препорачуваат да се избегнува долг престој на отворено во најтоплиот дел од денот и редовно да се освежуваме со течности.





