Топлото време продолжува, температурите ќе достигнат до 39 степени
29/06/2026 8:46
Топлото време продолжува и денеска, со температури кои на места ќе достигнат до 39 степени Целзиусови.
Времето ќе биде сончево, со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од источен правец.
Температурата во земјата ќе се движи од 14 до 39 степени.
Во Скопје до 38 степени
Во Скопје се очекува сончево и многу топло време, со температури од 21 до 38 степени Целзиусови.
Поради високите температури, граѓаните треба да бидат внимателни во најтоплиот дел од денот и да избегнуваат подолга изложеност на сонце.
Од утре промена на времето
Од утре попладне, под влијание на циклонска активност, се најавува промена на временската состојба.
Се очекуваат повремени врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер. Локално се можни невреме, пороен дожд, град и силни електрични празнења.
Засилен северен ветер од четврток
Од четврток ќе дува засилен северен ветер, особено долж Повардарието.
На места ветерот повремено ќе достигнува брзина над 50 километри на час.
Метеоролозите најавуваат дека промената ќе донесе постепено освежување, но и услови за локална нестабилност.





