Високите температури ги зголемија повиците за Итна помош, над пет лица колабирале на јавни места
30/06/2026 8:09
Високите температури ги зголемија повиците за медицинска помош во Скопје. Над пет колабирања на јавни места, главно кај постари лица, биле евидентирани вчера изутрината, информираа од Итната медицинска помош – Скопје.
Докторката Ана Џарева посочи дека граѓаните најчесто се жалат на болки во градите, но има и лица кои чувствуваат вртоглавица и други симптоми.
„Лицата претежно се жалат на болки во градите, но има и такви кои чувствуваат вртоглавици и имаат други симптоми“, истакна Џарева.
Препораки за заштита од топлото време
Од Итната помош повторно апелираат граѓаните да избегнуваат излегување на отворено во периодот од 11 до 17 часот.
Доколку е можно, обврските треба да се одложат за подоцна или да се завршат во раните утрински часови.
Во спротивно, се препорачува носење лесна облека, шапка и заштита од директна изложеност на сонце.
Повеќе течности и лесна храна
Лекарите препорачуваат во текот на топлите денови да се консумира лесна храна, како овошје, зеленчук и свежи салати.
Граѓаните треба да внесуваат повеќе течности, пред сè вода и природни сокови.
Воедно, се препорачува избегнување пијалаци што содржат алкохол и кофеин, како и тешка и мрсна храна.
Министерството за здравство вчера ги сподели и препораките на Институтот за јавно здравје за заштита од високите температури.

![Дoнeceни нoви мepки пo нajaвaтa зa тoплoтeн бpaн – oвиe кaтeгopии лицa ce ocлoбoдyвaaт oд paбoтa oд yтpe toplo-vremeeeee-650x396[1]](https://mkinformer.com/wp-content/uploads/2021/06/toplo-vremeeeee-650x3961-1.jpg)




