MKinformer

your daily dose of news

Вреди: Ахмети 24 години не обезбеди канализација за родниот Зајас, бараме истрагата да оди до крај

30/06/2026 9:55

Вреди обвини дека Али Ахмети, и покрај 24 години политичко влијание и учество во власта, не успеал да обезбеди канализациски систем за своето родно место, Зајас.

„Има една иронија што не може да се сокрие. Во 24 години власт, Али Ахмети не успеа да обезбеди канализација ниту за своето родно место, Зајас. Имаше власт, министри, директори, општини и милиони евра на располагање. Канализација немаше“, се наведува во соопштението на Вреди.

Вреди: Документите ја рушат маската на ДУИ

Од Вреди велат дека, како што излегуваат документите во јавноста, станувало појасно зошто проектот не бил реализиран.

Според партијата, секој нов факт дополнително ја руши, како што велат, „маската на ДУИ“.

„На Албанците им продаваа каузи, а зад затворени врати се договарале шеми, се вклучувале домашни компании и се вртеа милиони евра од европските фондови. Жителите чекаа канализација, а некој друг си ги чекал исплатите“, обвинуваат од Вреди.

Бараат да се отвори секој договор и секоја исплата

Од Вреди поставуваат повеќе прашања околу проектот за канализација во Зајас.

„Кој ќарил? Кој ги внел компаниите во проектот? Кој молчел? И дали истрагата ќе стигне до секоја алка во овој синџир?“, прашуваат од партијата.

Според нив, граѓаните заслужуваат да знаат каде завршиле парите, кој профитирал од проектот и зошто Зајас, како што велат, 24 години останал со септички јами наместо со канализациски систем.

„Зајас повеќе нема да биде заложник на ветувањата на ДУИ“

Од Вреди порачуваат дека Зајас повеќе нема да биде заложник на ветувањата на ДУИ.

„Она што тие го оставија заглавено во кал 24 години, сега конечно се става на вистинскиот пат“, се наведува во соопштението.

Од партијата додаваат дека нема да дозволат ова прашање да биде заборавено.

„ВЛЕН нема да дозволи ова прашање да се затрупа со прашина. Бараме истрагата да оди до крај. Да се отвори секој договор, секоја исплата, секоја компанија и секоја можна политичка, бизнис или семејна поврзаност“, велат од Вреди.

Од партијата заклучуваат дека ДУИ зад себе оставила долгови и сомнежи и дека, како што наведуваат, сега е време да понесе одговорност.

error: Содржината е заштитена од копирање !!