Денес сончево и топло, попладне можни дожд, грмежи и град
01/07/2026 7:40
Времето денеска ќе биде сончево и топло, со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Во попладневните часови се очекува локална нестабилност. На повеќе места се можни пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално е можна и краткотрајна појава на невреме со град.
Дневната температура ќе се движи од 30 до 38 степени.
Во Скопје ќе биде сончево и топло, со температура до 35 степени. Попладне и во делови од скопскиот регион се можни врнежи од дожд и грмежи.
Во четврток и петок се очекува променливо облачно и нестабилно време. На места ќе има пообилни врнежи, силен ветер и локална појава на невреме.
За време на викендот температурите ќе се намалат. Ќе дува умерен до засилен северен ветер.





